Брзо задолжување, скапо раздолжување - Македонците не можат без кредитите

Брзо и лесно до пари, одобрување на кредитот за неколку часа, без жиранти, парите веднаш легнуваат на вашата сметка… Ова се само мал дел од рекламните пораки што секојдневно ги слушаме и со кои се рекламираат таканаречените брзи кредити.

Граѓаните постојано се задолжуваат во банките, покажуваат податоците. 

-Да не се банките и кредитите, не би знаеле како ќе живееме. Не зборувам за луксуз, зборувам за основни работи, кои се потребни за едно семејство... 

Дол­го­вите, ка­ко што ве­ќе по­дол­го вре­ме е тренд, во нај­го­лем дел се нап­ра­ве­ни пре­ку зе­ма­ње пот­ро­шу­вач­ки кре­дити, но она што е по­зи­ти­вен сигнал е де­ка тие по­ве­ќе се зе­ма­ат за ку­пу­ва­ње те­ле­ви­зори, ма­ши­ни за алишта, ком­пју­тери, от­кол­ку за прех­ра­ну­ва­ње и за пок­ри­ва­ње на ве­ќе нап­ра­ве­ни ми­нуси.

Бан­ки­те про­дол­жу­ва­ат со сво­ја­та по­ли­ти­ка за олес­ну­ва­ње на ус­ло­ви­те за пот­ро­шу­вач­ки кре­дити, по­ка­жу­ва ан­ке­та­та што ја об­ја­ви На­род­на­та банка. Гра­ѓа­ните, пак, лес­но по­сег­ну­ва­ат по бан­кар­ски­те по­ну­ди и нив­ни­те дол­го­ви сè по­ве­ќе рас­тат.

Од На­род­на­та бан­ка ука­жу­ва­ат де­ка ќе про­дол­жи трен­дот на по­раст на кре­ди­ти­ра­њето, а спо­ред се­гаш­ни­те ма­те­ма­тики, се­кое се­меј­ство во Ма­ке­до­ни­ја дол­жи по 3.800 евра.

-Како со нашите плати да купиме нов електричен апарат? Па и тие имаат рок на траење. Пред две години ни се поквари фрижидерот, кој го имаме скоро 30 години. И тоа во сред лето. Да оделиме од плата, не можеме. Среќа што банките се расположени за оние како нас. Го земавме и го исплативме. Децата така ги шолуваме. Постојано сме во минус. Среќа, што тоа е дозволено, раскажува Светлана од Марино.