Брзо возат, не држат растојание, нагло кочат - Колку сте безбедни во скопскиот јавен превоз?

Возач на автобус од ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рампа, при што повредени се две патнички во автобусот.

Инцидентот се случил завчера, а МВР информираше дека со тешки телесни повреди се здобила патничката С.Б.(43), а со телесни повреди се здобила патничката М.А.(32), двете од с.Долно Соње, скопско.

По ова се јавија корисниците на јавниот превоз.

Поголем дел од нив се жалат дека возачите во јавниот превоз не доволно ги почитуваат правилата за возење и застанување, но има и такви кои велат дека патниците сами треба да се грижат за својата безбедност додека се возат.

-Им претрчал пешак пред нив или брзале зошто доцнат според распоред и морале изненадно да закочат, инаку ништо од ова не е во ред, за некој патник да биде тешко повреден и не дај Боже со последици доживотно. Плус овие кинески двокатни автобуси се ужасно климавви (со многу вибрации).

-Не застануваат десно на постројката за да земат и остават патници, туку на сред улица или ако застанат десно се влетуваат одма лево во собраќај. Дали идат коли не ги интересира и цело време на мобилниот се разговара, вели една скопјанка за возачите во јавниот превоз.

-Брзо возат, не држат растојание, па нагло кочат... и патниците уште не слезени од автобусот (со едната нога уште внатре), а шоферот нагло поаѓа и притоа ни вратите не стигнува да ги затвори, од што не му се чека.

-Шоферот закочил нагло сигурно имал причина, во секој автобус има држачи за држење ... Повредените жени или девојки место да го држат телефонот во раце нека се држат за држачите.

-Јас мислам пешки е најдобро.. Никој нема да закочи и да се повреди... Ај не претерувајте, сообраќај е тоа никогаш не се знае кога треба да закочи шоферот.. Некогаш нагло...