Брзо, сочно и лесно јадење: Ражничи на 4 начини (фото)

Идеи за следната скара: Ражничи на 4 начини

 

Летото е измислено за уживање, а не за губење време во кујна. Токму затоа, следните рецепти ќе ви покажат како да направите брзо, сочно и лесно јадење кое е совршено за овие топли денови.

Следните рецепти ќе ви дадат идеја што да подготвите за ручек без да поминете цел ден во кујна:

1. Ражничи од стек

Потребни состојки:

Стек по вкус исечкан на коцки

1 лажица ким

1 лажица чили

1 лажица лук во прав

1 лажичка сол

1 лажичка црн пипер

2 зелени пиперки исечени на коцки

2 црвени пиперки исечени на коцки

1 голема главица кромид

8-10 стапчиња за ражничи

Подготовка:

Загрејте ја скарата, доколку е потребно, можете да користите скара тава. Измешајте ги кимот, чилито, лукот во прав, солта и биберот и на крај додадете го месото.

На стапчињата за ражничи наизменични редете го месото и зеленчукот по вкус. Печете 10-15 минути или додека убаво не потемни.

2. Ражничи од зеленчук

Потребни состојки:

250 ml маслиново масло

2 лажици сок од лимон

1 лажица оригано

1 лажичка сол

1 лажичка црн пипер

2 тиквички, исечени на прстени

3 чаши печурки по желба

2 средни главици кромид

2 црвени пиперки

2 жолти пиперки

4-5 стапчиња за ражничи

Подготовка:

Измешајте го маслото, сокот од лимон, ориганото, солта и биберот. Зеленчукот измешајте го во смесата, па наредете го на стапчињата и печете додека не добиете светло кафеава боја.

3. Пилешки ражничи

Потребни состојки:

Пилешки батаци, без коски исечени на коцки

1 чаша соја сос

¾ чаша кафеав шеќер

1 лажица сусам

¼ чаша зелен кромид

1 ананас ситно исечкан

4-5 стапчиња за ражничи

Подготовка:

Измешајте го пилешкото, соја сосот, кафеавиот шеќер, сусамот и зелениот кромид и оставете го да се маринира 2 часа.

Наредете ги намирниците на стапчето по желба и печете 12-18 минути. Ражничите премачкувајте ги со остатокот од маринадата во текот на печењето.

4. Пилешки ражничи со сланина

Потребни состојки:

Пилешки батаци, без коска исечени на коцки

1 чаша сос за скара

1 лажичка сол

1 лажичка црн пипер

4-5 ленти сланина

4-5 стапчиња за ражничи

Подготовка:

Измешајте го пилешко месо со сосот за скара, солта и биберот. Вметнете го едниот крај на сланина на крајот на стапчењто и додадете парче пилешко, па намотајте го со сланина и продолжете понатаму на тој начин до крајот на стапчето.

Стапчиња со ражничи, натопете ги во сосот и печете 12-18 минути.