Брзо, а многу вкусно: Поховани банани

Овој кинески десерт брзо се подготвува, а вкусот е магичен.

Треба да знаете дека треба прво да ги измешате сувите состојки, а потоа да додадете вода, и на крајот во смесата да ги додадете бананите.

Додека маслото се загрева, бананите валкајте ги во брашно, а потоа во смесата.

Потребни состојки:

3 банани

2 лажици брашно

1 лажица пециво

малку сода бикарбона

сол

вода

масло

Измешајте го брашното со прашокот во пециво, содата бикарбона и солта.

Додајте малку вода така што ќе добиете густа меса, околу половина шолјичка.

Водата ставајте ја многу постепено.

Бананите валкајте ги во брашно, а потоа во смесата.

Пржете во загреано масло.

На крајот можете да послужите со мед, сладолед или џем.