Во есенските денови, кога сите се фокусираат на подготвување зимници и потешки јадења, изненадете ги вашите гости со едноставно мени од предјадење, главно јадење и десерт, и тоа сите 3 направени со омилената Битолска павлака.

Бидејќи за сите 3 јадења, Битолската павлака е главната состојка, ви гарантираме дека овој оброк ќе биде неверојатно вкусен и лесен, а за негова подготовка нема да го потрошите целиот ден во кујната.

Салата со Битолска павлака и кашкавал

За предјадење подгответе лесна салата со павлака, која одлично ќе се вклопи кога имате најавени гости. Но, и кога немате, таа може да биде супер идеја и за брз комплетен оброк.

Потребни состојки:

500 гр Битолска павлака

300 гр кашкавал сечен на коцки

300 гр сечкана шунка

2 поголеми краставици

200 гр мајонез

прстофат бибер и сол по потреба и вкус
Подготовка:

Во подлабока чинија ставете ги ситно сечканите краставици, шунката и кашкавалот. Додадете го мајонезот за да ги соедини состојките, а потоа додадете ја и Битолската павлака и мешајте додека се соедини. Нејзината кремаста структура ќе направи совршен спој на состојките. Додадете по вкус бибер и сол и вкусната салата е подготвена.

 

Пилешки стек во сос од Битолска павлака и печурки

Вкусното пилешко во сос од павлака со печурки е едно од најомилените главни јадења на многумина. Освежителниот вкус што го дава павлаката, како и кремастата структура што благодарејќи на Битолската павлака совршено ги спојува пилешкото месо и печурките, го прави ова јадење и лесно и вкусно. Не заборавајте дека таа оди со секое јадење!
Потребни состојки:

600 гр пилешки стек

500 гр Битолска павлака

400 гр свежи печурки

2 чешниња лук

1 главица кромид

1 лажица маслиново масло

1 лажичка сол

1 лажичка кари

1/2 лажичка босилек

прстофат мелен бибер

Подготовка:

Исечкајте го стекот на мали коцки. Во длабоко тавче испржете ги ситно исечканите кромид и лук, а потоа додадете ги коцките стек. Кога стекот ќе се зарумени и ќе се испржи, се додаваат крупно исечканите печурки заедно со зачините. Потоа се додава Битолската павлака што треба заедно да се готви со стекот и со печурките околу десетина минути на потивок оган. Вкусниот ручек е готов и подготвен за сервирање.

 

Лесен чизкејк што секој може да го направи

Чизкејкот важи за десерт што речиси никој не го одбива. Составен е од само два дела: основа, направена главно од мелени бисквити, и крем, направен од крем сирење или павлака. Ние ви предложуваме да направите комбинација од Битолска павлака и крем сирење. За да биде чизкејкот освежителен и повкусен, додаваме и трет слој со овошје.

Потребни состојки:

Кора:

200 гр мелени бисквити

2 лажици мед

6 лажици Битолско млеко

180 гр растопен Битолски путер

Фил:

500 мл Битолска павлака

450 гр безмасно крем сирење

220 гр шеќер во прав

1 желатин

1 ванилин шеќер

Овошен слој:

500 гр микс од шумско овошје

4 лажици шеќер

100 мл вода

1 желатин
Подготовка:

Слој 1: Во подлабок сад измешајте ги мелените бисквити, Битолското млеко, медот и Битолскиот путер. Потоа смесата ставете ја во калап за чизкејк и добро притиснете.

Слој 2: Во друг сад ставете го крем сирењето во кое ќе ги додадете шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Потоа додајте ја Битолската павлака, матете со миксер и додајте го едниот желатин. Желатинот треба најпрво да набабри со 50 мл вода, а потоа загрејте го малку на рингла, но внимавајте да не зоврие. Потоа овој втор слој ставете го над првиот слој со бисквитите.

Слој 3: Згответе го овошниот микс со 4 лажици шеќер и 100 мл вода. Потоа додајте го желатинот и гответе уште една минута. Откако убаво ќе се излади, смесата ќе се згусне. Густата смеса прелијте ја над вториот слој и чизкејкот ставете го во фрижидер за да се излади, најдобро преку ноќ.

Веруваме дека со овие 3 едноставни рецепти ви дадовме идеја за вкусен и брз ручек за вашето семејство или за вашите пријатели. Кога главната состојка е „омилена со секој оброк“, сигурни сме дека нема да згрешите.

Пријатен апетит!