Брзо и лесно: Ќофтиња од компир, шунка и зденка

СОСТОЈКИ:

500 гр компири

100 гр шунка

100 гр кашкавал

100 гр зденки

2 јајца

2 струка млад лук

сол

масло

ПОДГОТОВКА:

Се мие компирот и се вари, па се лупи и мие со ладна вода. Се пасира.

Се сече ситно младото лукче, се сече и шунката и зденките, па се додава се во компирот.

Се ставаат јајцата и сол, па се меша додека не се добијат ќофтиња.

Се редат во плех за печење со масло и хартија.

Се печат на претходно загреана рерна на 200 степени додека не добијат кора и златна боја.

Горе ставете им кашкавал пред крај на печење и оставете уште 5 минути да се растопат во рерна.