Брзи стапчиња од готови кори

Состојки:
½ кг готови кори
3 јајца
200 гр урда
150 гр сирење
150 мл масло за јадење
200 мл кисела вода

Подготовка:

Во еден сад ги мешаме јајцата,урдата и сирењето да се добие хомогена смеса.
Секоја кора ја попрскуваме со една лажица зејтин и една лажица кисела вода ја свиткуваме на пола и по целата должина ставаме од подготвениот фил.
Краевите на кората малку ги свиткуваме на внатре за да не ни излезе филот и виткаме во ролат.
Свитканите ролати ги редиме во подмачкана тепсија и одозгора ги попрскуваме со кисела вода.
Вака спремените стапчиња ги печеме во загреана рерна на 200 Ц. околу 20 мин.