Брзи решенија за превенција од аерозагадувањето

Како да се превенираат негативните ефекти од аерозагадувањето врз јавното здравје и економската продуктивност, без притоа да се соочиме со претходно споменатите загуби кои неизбежно ќе не снајдат доколку се обидеме да го решиме проблемот?

Едно од можните решенија е да не се преземаат радикални чекори за намалување на аерозагадувањето, сѐ додека не се развиеме економски до одреден степен. Наместо да ги имплементираме непопуларните мерки кои неизбежно би удриле врз џебот на сите, а посебно на економски маргинализираните (тие се главните корисници на загадувачите), предлагам да се имплементираат следниве решенија:

1. Агресивна здравствена кампања за ефектите на аерозагадувањето врз здравјето на човекот.

2. Информирање на населението за можните чекори кои можат како индивидуи да ги преземат за да се заштитат од негативните здравствени ефекти на аерозагадувањето.

3. Субвенционирање на респиратори со активен јаглен, така што би се зголемило користењето на овој ефективен метод на заштита од вдишување на штетните ПМ-честици.

4. Субвенционирање на прочистувачи за воздух така што би се зголемила побарувачката за овој ефективен производ.

5. Јавни монитори кои ќе го покажуваат моменталниот квалитет на воздухот во непосредната околина и ќе ги алармираат луѓето кога нивоата на загаденост ќе бидат високи.

Петре Ласков е дипломиран психолог и проект менаџер во Брима Галуп. Неговиот есеј посветен на мерките против загадувањето во Македонија беше дел од конкурсот на Светска банка во Скопје на кој учествуваа повеќе од 30 трудови.