Брзи погачи со сирење и шунка!

Потребни состојки:

1 чаша јогурт

2 чаши брашно

1 чаша рендан кашкавал

150 г шунка

1 лажица сол

1 лажица шеќер

1 лажица сода бикарбона

Масло по потреба.

Подготовка:

Од брашното, јогуртот, солта, шеќерот и сода бикарбоната измесете мазно тесто. Од добиеното тесто направете топки и иссукајте ги.

На една топка ставете изрендан кашкавал (или тврдо сирење) и малку шунка. Поклопете со другата развлечена топка и добро составете ги краевите.

Така правете и со останатите развлечени топки, лепчињата пржете ги во тава на загреано масло, и на умерена температура, на двете страни, покриени со капак.