Брзи и вкусни солени залчиња

Топен кашкавал во сланина

Потребно ви е:

  • Моцарела или било каков кашкавал исечкан на долги ленти
  • Парчиња сланина
  • Презла
  • Јајце

Постапка:

Лентите кашкавал потопете ги во матено јајце, а потоа и во презла. Околу нив замотајте ја и сланината, па наредете ги на тава обложена со мрсна хартија.

Печете на висока температура околу 15тина минути.

Послужете со доматен сос, мед и сенф или тартар.

Целата постапка погледнете ја овде.