Брза салата со туна и ленено семе

Одличен предлог за вкусен ручек или вечера.

Потребни состојки:

  • 1 туна во конзерва
  • неколку листови марула
  • 1 младо кромитче
  • 2 ротквици
  • 1 морков
  • 1 краставица
  • 1 лажица ленено семе
  • малку хималајска сол и сок од лимон.

Начин на подготовка:

Зеленчукот насечкајте го по сопствена желба. Истурете ја туната и додадете малку хималајска сол и сок од лимон. Убаво размешајте и на крај посипете со лененото семе.

Добар апетит!