Брза пролетна торта што не се пече

Совршена брза торта за првите пролетни денови што може да ја направи секој, а најдобро од сѐ е што не треба да се пече.

Потребни состојки:

200 гр мелени бисквити или кекс

100 гр стопен путер

1 банана

2 киви

50 мл сок од портокал

Малку малини или јагоди и екстракт од малина/јагода

200 гр крем сирење

200 гр шлаг пена

Подготовка:

Во мелените бисквити додадете го стопениот путер и добро измешајте за да се соедини смесата. Потоа распоредете ја на дното и по страните на мал ребрест плех. Оставете го половина час во замрзнувач.

Изматете ги пенасто крем сирењето и половина од шлагот. Поделете ја смесата на три дела. Во првиот дел ставете ја згмечената банана, во втората малините/јагодите и екстрактот, а во третиот сечканите киви.

Наредете ги филовите еден врз друг или еден до друг, по желба, врз оладената кора. Украсете по желба со остатокот од шлагот и парчиња овошје. Чувајте ја тортата во замрзнувач два часа, а потоа сервирајте ја.