Брза посна баклава

Состојки:

400 гр ореви

1 кг и 100 гр шеќер

3 реда посно чоколадо за готвење

2 кеси ванилин шеќер

800 мл вода

1 портокал

1 пакување кори за пита

Подготовка:

Се мешаат мелените ореви со 100 гр шеќер изрендана чоколада и ванилин шеќер.

Плех се мачка со масло, па се става кора, се попрскува со масло, па друга кора, па масло, па трета кора, а потоа фил.

На секоја трета кора се става фил, постапката се повторува додека има кори и фил.

Се става да се пече на 200 степени додека не порумени.

За шербетот се става 1 кг шеќер во вода па порткалот.

Се прелева баклавата.