За љубителите на вкусни погачи еве еден одличен предлог:
СОСТОЈКИ:
300 мл млеко
1 лажица шеќер
500-600 гр брашно
100 гр маргарин со млеко
сол
масло
20 гр квасец
2 јајца
1 жолчка
семки
крупна сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Квасецот растворете го во малку млако млеко, додајте лажица шеќер, јајца, масло, остатокот од млекото, брашно, сол и замесете глатко средно тврдо тесто. Оставете да нарасне околу 30 минути.
Развлечете го на маса и поделете го на два дела. Првиот дел развлечете го што потенко во голем правоаголник.
Премачкајте тенко со маргарин. Развлечете го и другиот дел од тестото и исто така намачкајте го со маргарин и ставете го преку првиот. Свиткајте во голем ролат. Со остар нож пресечете го ролатот на половина по должина и свиткајте го во плетенка. Округлиот плех обложете го со хартија за печење, ставете ја погачата и оставете ја да нарасне.
Премачкајте со жолчка и посипете со семки и крупна сол.
Печете на 200 степени околу 35-40 минути.
Добар апетит!