Брза, квалитетна и достапна услуга, граѓаните кои патуваат се задоволни од услугите на Никоб Лаб

Брза, квалитетна и најважно од се - услуга со прифатливи цени. За ова сведочат големиот број позитивни коментари и пофалби кои домашните, но и странските туристи ги пишуваат во групите за патување во Грција, а се однесуваат за пунктовите за Ковид 19 тестирање на Никоб Лаб кои се поставени на граничните премини. Независно од тоа дали станува збор за ПЦР или брз антиген тест, искуствата се одлични.

„Правев антиген тест во лабораторијата на Никоб на граничниот премин Богородица. Брзо и едноставно поминав, без никаков проблем“, скопјанката Катарина го споделува своето искуство во една од фејсбук групите.

Кога го планираме одморот, често се случува одлуките да ги донесуваме во последен момент пред тргнување. Па така, голем дел од коментарите се однесуваат на добрата организација и брзата услуга која е клучна при патување во странство.

„Дојдов на пунктот за тестирање во Кисела Вода и за 5-10 минути ја завршив целата постапка. Резултатот од PCR тестот ми беше пратен на e-mail за околу 3 часа. Одлична организација брза и професионална услуга“, вели Софија во фејсбук групата за патување во Грција.

Новина е и тоа што тестирањето може да се направи на еден пункт поставен на влез во државата, а резултатите да се добијат во друг пункт поставен на граничен премин за излез од земјата. Оваа услуга пред се е направена за странските туристи кои транзитираат во Македонија, а за тоа дека тие ја користат услугата говори искуството на брачен пар од Србија. Тие и покрај тоа што биле вакцинирани имале потреба од тестови за своите деца.  Велат дека тестирањето го направиле при влез во државата на граничниот премин „Табановце“, односно на пунктот поставен кај бензиската пумпа „Детоил“, а резултатите ги добиле на излез од државата пред самиот граничен премин „Богородица“ на бензинската пумпа Окта.

„Јас и мојот сопруг сме вакцинирани, но имавме потреба од тестови за нашите деца. Се тестиравме и добивме резултати брзо и без чекање. Пофалби за одличната организација и брзата услуга која е најважна кога се патува на подолг пат со семејството, особено во вакви услови кога сите избегнуваме гужви“, велат тие во својот коментар.

Никоб лабораторија во моментов располага со пет пунктови за Ковид 19 тестирање распоредени на пет различни локации: Кисела Вода, граничните премини „Табановце“, „Богородица“ и „Дојран“ и еден пункт во Струмица. Првите четири пунктови работат 7 дена/24 часа, додека тој во Струмица отворен е секој ден од 8 до 16 часот.  Цената на ПЦР тест е 1000 денари.

Тестирањето на мобилните пунктови се прави без закажување. Во објавата на фејсбук страната на Никоб Лаб тие додаваат дека резултатите се добиваат во печатена форма со QR кој е валиден електронски и нема истиот потреба да се печати. Но, доколку граѓаните инсистираат, резултатите може да се добијат и во печатена форма.