Брза и вкусна пита

Состојки:

1,5 шолја пченкарно брашно

1,5 шолја пченично брашно

1 шолја гриз

4 јајца

150 гр шунка Пекабеско

2 свежи црвени пиперки

3-4 кисели краставички

150 гр кашкавал

1/2 шолја масло

2 шолји вода

1 кесичка прашок за печиво

сол

Начин на подготовка:

Разматете јајца, додајте ги двата вида брашно и гриз, масло, вода и прашок за печиво, и посолете по вкус. 

Потоа додајте шунка исечкана на коцки, пиперки, краставички и кашкавал, исто така исечкани на коцки. 

Смесата ставете ја во намастена тепсија и печете на 200 степени, околу 45 минути до еден час.

Добар апетит!