Брза даска кога ќе ви се најават гости

Еве еден предолг за брза похована даска.

Состојки:

пирошки

зденки

пилешки нагети (chicken nuggets)

крокети од компир

тартар сос

barbeque сос

холандски сос

лутеница

јајца

презла

Начин на подготовка:

За да добиете на време пирошките, нагетите и крокетите купете ги спремни за поховање.

Пржете ги во тавче со загреано масло додека не поруменат.

Зденките убаво поминете ги во сад со изматени јајца, па потоа во презла и пржете ги додека не добијат румена боја.

Сервирајте со лутеница, тартар, barbeque и холандски сос. Холандскиот сос направете го како комбинација од мед и сенф по ваш вкус.

Уживајте во овој деликатес кој е одличен во комбинација со пиво.