Брз сос за тестенини и пица што секој може да го направи

Научете како да направите совршен сос од домати за само неколку минути, што може да го користите за премачкување домашна пица или како прелив за највкусни тестенини.

Состојки:

1 конзерва домати

Неколку ливчиња босилек или темјан

1 кафена лажичка лут сос/кечап (по желба)

3 кафени лажички презла

Сол, бибер

2 кафени лажички маслиново масло

2 кафени лажички рендан пармезан (по желба)

Малку шеќер

Подготовка:

Во длабок сад истурете ја конзервата домати и згмечете ги со вилушка. Исечкајте ги лисјата зачини и додадете ги во садот заедно со сосот, презлата, сол, бибер, малку шеќер и маслиновото масло и промешајте. На крај додадете го пармезанот.

Смесата може да ја оставите покриена во фрижидер преку ноќ и да ја чувате два до три дена.

Користете ја како прелив за пица или како сос за тестенини.