Брз колач со бисквити и јаболка без печење готов за 20 минути

Состојки:

350 г бисквити

7 дл вода

300 г шеќер

4 кесички пудинг од ванила

1 кг излупени јаболка

За глазура:

3 реда чоколадо за готвење

3 лажици масло

Подготовка:

Јаболката исчистете ги и исецкајте ги на коцки.

Пото ставете ги во голем сад, налејте 6 дл вода и додадете шеер, па варете околу 10 минути додека не омекнат.

За тоа време пудингот разматете го во 1 дл вода и сипете го по јаболката.

Непрекинато мешајте додека не добиете густ крем.

Во мала четириаголна тепсија, наредете бисквити, па одозгора ставете го филот додека е топол.

Наредете уште еден ред бисквити над филот.

Стопете го чоколадото на пареа, па налејте го врз колачот. Оставете во фрижидер да се стегне, па исечете на коцки.