Како денешен десерт подгответе го овој брз и едноставен колач ...
Потребно е:
за кората:
3 јајца
150 гр шеќер
150 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
3 лажици млака вода
За филот:
1 мала тегличка чоколаден крем
4-5 банани
500 мл слатка павлака
малку шеќер
малку изрендано чоколадо за украсување
Подготовка:
- Изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете млака вода и продолжете со матењето.
- Додадете ги брашното и прашокот за пециво и измешајте со лажица.
- Смесата сипете ја во намастена и набрашнета тава и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печена кората.
- Оставете да се излади кората и премачкајте ја со чоколадниот крем.
- Над кремот наредете еден ред бананите исечени на половина по должина.
- Изматете ја слатката павлака и премачкајте ја над бананите.
- Украсете со рендано чоколадо и ставете ја во фрижидер убаво да се излади.
- Исечете ја на парчиња и послужете.