Потребни состојки:
1 кг брашно тип 550
2 коцки квасец
600 мл млако млеко
2 лажици шеќер
1 ½ лажици сол
100 – 150 мл масло
2 лажици оцет
За премачкување:
5 лажици брашно
1 ½ лажици сол
1 лажица скроб
вода по потреба
масло за премачкување
Подготовка:
Во млако млеко издробете го квасецот, додадете шеќер и 3 лажици брашно, па кратко промешајте и оставете да се активира 10-тина минути.
Во брашното додадете квасец, масло, оцет, сол и замесете тесто, па оставете го покриено, на топло место да се удвои.
Кога тестото е надојдено, премесете го уште еднаш и повторно оставете го на топло да се удвои.
Потоа од тестото кинете помали парчиња тесто и обликувајте топчиња.
Секое топче тенко исукајте го во елипсовиден облик па свиткајте го во кифла. Кифлите редете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со млеко и оставете ги да се дигнат околу 10-тина минути, па потоа ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени.
Замесете прелив од брашно, скроб, сол и вода, така да добиете малку погусто тесто за палачинки.После 7 минути печење извадете ги кифлите и со лажици истурајте преку нив од преливот, па вратете ги на кратко уште 3-4 минути да се допечат.
Повторно извадете ги кифлите и премачкајте ги со масло, па повторно вратете ги во рерна уште малку да поруменат.
Кифлите не смеат предолго да се печат, бидејќи во спротивно ќе бидат тврди. Извадете ги од рерна и прекријте ги со крпа 10-тина минути.