Брз и сочен колач од мандарини

Лесен за подготовка, а одличен за сечиј вкус.

Потребни состојки:

6 мандарини

3 јајца

2 чаши брашно

2.5 чаши шеќер

1 ванилин шеќер

1 пакетче прашок за пециво

180 гр масло

Начин на подготовка:

Олупете ги мандарините и исецкајте ги на мали парчиња.

Во сад изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Потоа кога масата ќе стане светло жолта, додајте го маслото и матете уште малку. Постепено додајте го брашното и пецивото. 

На крајот, додадете ги исецканите мандарини.

Добиената смеса ставете ја во мал сад за печење, кој претходно сте го обложиле со хартија. 

Печете во рерна, 20-25 степени, на 180 степени.