Брз и освежителен колач со банани

Прекрасен летен колач со одличен спој на вкус, мирис и текстура, кој за брзо време ќе стане ваш омилен. 

Откако еднаш ќе го усовршите овој основен рецепт, потоа ќе можете да експериментирате и со повеќе додадотци. 

Состојки:

Еден литар млеко
3 пудинзи од ванила
150 гр шеќер
Еден ванилин шеќер
180 гр путер
25 гр гриз
2 лажици кисела павлака
Пишкоти или плазма бисквити (според потребата)
Три банани
Чоколадо за декорација

Подготовка:

Правоаголниот калап премачкајте го со малку путер. 

Млекото измешајте го со шеќерот, пудингот и гризот, па ставете го на тивок оган да се вари. Мешајте постојано, за да не загори. Кога ќе го тргнете од оган, во пудинг-смесата додадете го путерот, претходно исечен на помали парчиња, а откако ќе се растопи и подизлади, измешајте ја и киселата павлака. 

Во садот наредете ги пишкотите. Ако користите плазма кекс можете да ги потопите накратко во млеко. Ставете од смесата со пудинг, ставете од бананите исецкани на кругови, врз нив пудинг, па наредете уште еден ред кекс. Ставете од пудинг-смесата, па украсете со рендано чоколадо. 

Со текот на времето, можете да си играте со различни додатоци, да додавате кокос, или пак мелени јатки, па дури и да пробате со чоколаден пудинг или некој овошен вкус. Како и да го направите, вкусот ќе биде прекрасен и освежувачки.