Направете вкусни обланди со желе.

Состојки:

125 гр. маргарин

100 гр. шеќер во прав

1 банана

150 гр. чоколадо

300 ге. Бисквити

150 гр. желе

1 лист обланда

Подготовка:

Се мокри крпа поголема од листот обланда, па се става обландата да омекне.

Се прави фил со тоа што се мати маргаринот со шеќер во прав, се става пасирана банана и истопено чоколадо.

Се додаваат мелените бисквити и исецкани желе бонбони.

Се меша се да се соедини.

Се става филот на обландата, се завиткува со помош на крпата.

Се сече и служи.