Брз и едноставен рецепт за најпознатиот велигденски милиброд (козињак)

Милибродот, или слаткото лепче, е неизоставен дел од празничната, велигденска трпеза. Ако сакате повторно да го доживеете мирисот од детството и да создадете прекрасна, ароматична атмосфера во домот, вреди да го испробате овој рецепт.

Потребни состојки:

  • 1kg брашно
  • 3 јајца + 2 жолчки
  • 250g шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • Изрендана кора од 1 лимон и 3 портокали
  • 1 свеж квасец
  • 250g путер
  • 5dl млеко
  • Неколку зрна сол

Подготовка:

Во длабок сад загрејте 1dl од млекото, па додајте 1 лажичка шеќер, 1 лажичка брашно и промешајте го квасецот.

Оставете ја смесата да нарасне, покриена со кујнска крпа. Брашното истурете го во длабок сад и оставете го на собна температура.

Изматете ги 3те јајца и 2те жолчки додека не добиете пенеста смеса, а потоа во неа додадете шеќер, ванилин шеќер и повторно изматете.

На крајот, кога кристалите од шеќерот ќе се стопат, додадете ја кората од лимон и портокали.

На тивок оган растопете го путерот.

Прво смесата од јајца и шеќер додајте ја во брашното и добро промешајте, а потоа додадете го и растопениот путер. Додајте малку сол, дотурете го квасецот и мешајте неколку минути.

Постепено, додавајте го и млекото.

Смесата оставете ја на топло, покриена со крпа додека не нарасне двојно повеќе. Тогаш можете да ја измесите.

Тестото може да го обликувате по желба, но не заборавајте да оставите простор за свежо боените јајца.

Печете 30 минути на температура од 150 степени, на тава покриена со мрсна хартија.

Во меѓувреме направете сируп од 1/2 dl вода и 1 голема лажица шеќер.

По 30 минути печење, премачкајте го тестото и вратете го да се допече уште 10 минути.

Изладете и украсете го милибродот по желба.