Бројот на заболени од дијабетес во Македонија е во пораст - регистрирани 120 илјади пациенти, од кои 500 деца до 14 години

Бројот на заболени од дијабетес во Република Македонија е во пораст. Од 120.000 пациенти со дијабетес, 40.000 примаат инсулинска терапија. Според податоците, во 2015 година преваленцата на дијабетесот изнесувала пет проценти, а во 2017 година – шест проценти.

На еден дијагностициран постои еден кој не е дијагностициран и не знае дека ја има болеста, истакна директорката на Универзитетската Клиника за ендокринологија, Саша Јовановска Мишевска на одбележувањето на 14 Ноември, Светски ден на дијабетесот.

Стратешка определба е да се помогнеме што порано да може да се детектира дијабетесот за навреме да се почнеме со соодветнса и навремена терапија, а со тоа и да се намалат компликациите кои болеста ги носи. 75 проценти од здравствените фондови се трошат за компликациите од дијабетесот и очекуваат дека со промовирање здрав начин на исхрана, со намалување на факторите за ризик кои доведуваат до развој на дијабетесот ќе се успее  да се намалат компликациите.

Во тек е тендерската постапка за обезбедување на годишните количини на инсулинска терапија за болните и воведување три нови типови инсулин од најнова генерација меѓу кои еден е за деца до 14 години, а тоа е Тресибата.  Во Македонија 500 деца на возраст до 14 години се заболени од дијабетес. Следен чекор е обезбедувањето сензорни мерачи на шеќер во крвта што ќе помогне во контролата на гликемијата кај децата и кај бремените жени кои го имаат гестацискиот дијабетес. Министерството за здравство од оваа година го укина паралелниот увоз на инсулинот со што ќе се обезбедиме квалитетен инсулин. Од јануари ќе почне и испораката на новите глукометри (апарати за мерење шеќер во крвта) и новите ленти за нив.