Британскиот амбасадор најави: Вицепремиерот Николоски ќе го попише договорот за Стратешко партнерство во Лондон

Се радувам што ќе го придружувам заменик-премиерот Александар Николоски и делегацијата на Владата на церемонијата на потпишување која ќе се одржи во Лондон оваа недела, објави Метју Лосон, Британскиот амбасадор во Македонија.

„Оваа вечер, како дел од вестите на Сител ТВ во 19:00ч, погледнете го моето најново интервју во кое разговараме за Стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите – што значи за односите помеѓу Британија и Македонија и нашата соработка на економскиот раст, трговија, одбрана и безбедност. Се радувам што ќе го придружувам заменик-премиерот Александар Николоски и делегацијата на Владата на церемонијата на потпишување која ќе се одржи во Лондон оваа недела“, објави на социјалната мрежа „Х“ Британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон.