Британски сој на коронавирус детектиран кај еден од повратниците од Занзибар

Министерството за здравство ги соопштува резултатите од типизацијата на вирусот кај едно од лицата кои се вратиле од Занзибар.

Нивното известување го пренесуваме во целост:

„Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2. Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран.“