Британски гардијан: Нема докази дека iqos се помалку штетни од стандардните цигари

Iqos уредите не се помалку штетни од други цигари и преминот од обични цигари не ја намалува можноста од заболувања предизвикани од пушењето, дополнително ниту една земја до сега не констатирала дека овие уреди помалку штетно влијаат на здравјето, а освен тоа дел од земјите ги имаат забрането уредите на пазарот во своите земји. Ова во денешната статија го пренесува угледниот британски весник Гардијан, а врз основа на тврдењата на невладината организација СТОП, но и на одлуката на Американската агенцијата за храна и лекови која дозволи рекламирање на производите на пазарот во САД и соопштението на Светската здравствена организација која потенцираше дека и покрај се, овие уреди имаат штетно влијание врз здравјето. 

Статијата носи наслов „Конфузија околу модифицираниот ризик на Iqos уредите“ и во неа меѓу другото се потсетува на минатонеделното соопштение на Светската здравствена организација во кое тие потсетија дека не е потврден фактот дека овие уреди се помалку штетни и дека го намалуваат штетното влијание на тутунот врз здравјето. Воедно, во соопштението Светската здравствена организација потсети и дека одредени штетни аеросоли и токсини се повеќе застапени кај Iqos уредите во споредба со стандардните цигари. 

И покрај фактот дека американските власти дозволија рекламирање на овие производи, сепак Светската здравствена организација во своето соопштение уште еднаш потсети дека сите тобако производи имаат ризик врз здравјето и ги повика сите земји да преземат мерки за намалување на пушењето кај популацијата.