Британски експрес: вкусна храна, богата историја и убави пристаништа - истражи ја магичната Македонија

Британскиот весник експрес во својот денешен број објавува текст со наслов „Вкусна храна, богата историја и убави пристаништа - истражи ја магигната Македонија„ во кој говори за убавините на Република Македонија.

Авторот на текстот вели дека е маѓепсан од пријателството и гостопримството на луѓето, кристалните езера и убавите планина на оваа мала балканска земја, законавана во убава природа.

Понатаму во текстот говори за Охрид, Охридското езеро и црквата Св. Јован Канео. Раскажува за проектот „Скопје 2014“ за архитектурата на градот и за убавиот дел на Скопје наречен „Бит Пазар“. Дава предлог за посета на Матка, пештерата „Врело“ и црквата Св. Никола. Со спомени се присетува за посетата на Битола и убавото кафе на Широк Сокак.

Текстот го завршува со десет предлози за тоа што треба секој турист да направи во Македонија: да пие ракија, да јаде бурек, да ги посети винариите на Тиквеш и Попова Кула, куќата на Мајка Тераза и уште многу други нешта.

Заклучува дека Македонија е прекрасна дестинација за одмор. Со големина слична на Белгија идеална за целата да ја истражиш со автомобил и да уживаш во патувањето помеѓу еден и друг град.