Приведени четворица Британци: Кршеле во Неготино и нападнале полицаец

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 22.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Џ.Л.(29), Б.С.(24) и Б.Ф.(29), сите од Велика Британија, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино.

- Еден од нив нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од полицијата. 

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

На социјалните мрежи се прошири информација дека станува збор за војници на Нато кои престојуваат во државата.