Брит Флојд доаѓа во Скопје со продукција од милион долари

Како што се наближува настапот на Брит Флојд во Скопје, од „Авалон“ информираат дека продукцијата за ова големо шоу ќе биде масовна и, како што вели Дамијан Дарлингтон, којшто е основач на овој бенд, вредна милион долари.

На 14 ноември во ВИП-арената во Скопје ќе бидат поставени околу 100 светла, ласери, како и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа ќе биде синхронизирано со специјална видеоанимација која ќе ја има во текот на целото шоу.

Концертот на Брит Флојд во Скопје, кој е во рамки на турнејата Тhe Eclipse world tour, ќе трае два и пол часа, а членовите на бендот (девет на број) ќе го претстават најдоброто од еден од највлијателните рок-бендови на светот на сите времиња.