Брима Галуп: ВМРО ДПМНЕ убедливо ќе победи на следните избори

Најновата aнкета на Брима Галуп, во соработка со Република, прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Огромни 70,2% од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните, наспроти 11,2% кои сметаат дека СДСМ има поддршка од граѓаните. Дури 55,9% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на следните избори, наспроти 12,1% кои мислат дека победник ќе биде СДСМ. Никола Груевски и понатаму е политичарот со најголема доверба кај граѓаните со високи 32,3% пред Зоран Заев кој ја ужива довербата на 9,1% од испитаниците.

Реномираната незавизна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп, на барање и во соработка со неделникот Република, во периодот од 29 октомври до 3 ноември 2015 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1007 испитаници.

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, ги објавуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците. Истовремено, поаѓајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии. Поголем дел од граѓаните се изјасниле дека би гласале за ВМРО – ДПМНЕ, дури 33,3 отсто, наспроти 14,7 отсто кои би гласале за СДСМ.

На прашањето За која партија би гласале доколку следната недела би се одржале нови парламентарни избори? резултатите се следни:

33,3 % ВМРО – ДПМНЕ

14,7% СДСМ

0,6% Обединети за Македонија

0,5% ВМРО-Народна

0,5% ГРОМ

10,8% Неодлучен

10,3% одговориле дека нема да гласаат

И на оваа најнова анкета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на РМ, Никола Груевски, е политичар кој ужива далеку најголема поддршка од граѓаните. Со 32,3 проценти премиерот Груевски ужива над 3,5 пати поголема доверба од лидерот на опозициониот СДСМ со 9,1 процент.

На прашањето Во кој политичар во Македонија имате најголема доверба, граѓаните одговориле на следниот начин:

32,3% Никола Груевски

9,1% Зоран Заев

2,5% Ѓорѓе Иванов

2,3% Бранко Црвенковски

0,5% Љубчо Ѓеоргиевски

o,4% Радмила Шекеринска

0,3% Тито Петковски

0,3% Андреј Жерновски

На прашањето Доколку се организираат предвремени парламентарни избори, кој би победил на нив?

55,9 % одговориле ВМРО-ДПМНЕ

12,1% одговориле СДСМ

17,8% одговориле со Не знам

11,1% одговориле Ниту една, ќе бидат изедначени

2,5% одбиле да одговорат

0,6% одговориле друга

На прашањето Која партија според Вас, генерално има поголема поддршка од граѓаните:

70,2% сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ

11,2% сметаат дека тоа е СДСМ

3%  одбиле да одговорат

15,7% одговориле со Не знам

Независната агенција за истражување на јавното мислење Брима Галуп е една од најреномираните агенции за истражување на јавното мислење која согласно своето досегашно работно искуство од реализирани над 500 истражувања и согласно точноста на изработените резултати претставува една од најверодостојните агенции за истражување на јавното мислење. Брима Галуп работи за Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон кој се занимава со испитување на јавното мислење.