Бремената жена е во стабилна состојба - четворица патници се борат за живот

Заменик-министерот за здравство Асим Муса изјави предмалку дека бремената жена која била патничка во автобусот е во стабилна состојба, пренесува Независен.

Рече дека сите повредени се примаат на Ургентниот центар за потоа да се распределат низ соодветни клиники.

Четворица патници од автобусот што попладнево се преврте на автопатот Скопје-Тетово се борат за живот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој информира дека во несреќата загинале 13 патници, од кои 7 на самото место.

Според првичните информации, несреќата се случила попладнево кога автобус на „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на село Ласкарци.