Брега, Ален и Тифа најавуваат спектакл: Време е за „Бијело Дугме“ во Скопје! (видео)

Аволон со еднаква доза на задоволство и гордост Ве информира дека најголемиот музички бренд и бенд на Балканот на сите времиња, Bijelo Dugme, после навистина долго време ќе одржи свој концерт во Скопје.

Концертот на Bijelo Dugme кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 8-ми април, ќе биде досега можеби најспектакуларен и гламурозен концерт кој бендот го одржал досега во Скопје, со учество на хор, гудачки оркестар, тамбураши...

Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ- Тифа во Скопје доаѓаат после рекордно распродадени три арени во Белград, со сет листа која содржи повеќе од 30 слободно може да се каже легендарни песни на Bijelo Dugme.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18.01), точно во 09 часот, преку продaжната мрежа на Купи Карти За Се.

ВАЖНО: СЕ ОДРЖУВА САМО ЕДЕН ЕКСКЛУЗИВЕН КОНЦЕРТ!

Во продолжение, погледнете го видеото во кое Брега, Ален и Тифа самите го најавуваат скопскиот спектакл.