Браво за оваа скопска општина: Се обезбедува бесплатен оброк за децата во социјален ризик

Советот на oпштина Бутел усвои одлуки со кои се обезбедува ослободување од плаќање на надоместокот за топол оброк и ужинка за децата на самохрани родители, како и за ужинка за децата од семејства во социјален ризик.

- Советот на oпштина Бутел усвои одлуки со кои се обезбедува финансиско олеснување за одредени категории семејства со деца кои посетуваат основно образование. Со одлуките се утврдува ослободување од плаќање на надоместокот за топол оброк и ужинка во основните училишта за децата на самохрани родители, информираа од локалната самоуправа. 

Дополнително, од плаќање на надоместокот за ужинка се ослободуваат и децата од семејства во социјален ризик.

Од oпштина Бутел посочуваат дека со овие мерки локалната самоуправа продолжува да обезбедува поддршка за семејствата на кои им е потребна, со политики насочени кон создавање еднакви можности за секое дете