Брауни колач од само четири состојки

Ова сочно колаче им се допаѓа на сите, а најдобро е што лесно се прави и што ви е потребно сосема малку брашно за да го подготвите. Но, дали знаете дека можете и без брашно?

Ова е основниот рецепт кој содржи банани, а можете да го прилагодувате со дополнителни состојки:

Четири банани
Две големи лажици путер од кикирики
Пола шолја какао
Пола шолја рендано чоколадо

Подготовка:

Бананите изгмечете ги, да добиете пире. Измешајте со путерот од кикирики и какаото. Додадете го и чоколадото. 

Печете на хартија за печење 20 минути на 180 степени.