“Братство на крадци” – возбудлив трилер во скопските кина

“Братство на крадци” (Den of Thieves) е новиот американски филм во режија на Кристијан Гудегаст, возбудлив трилер кој македонските љубители на седмата уметност ќе можат да го видат во скопските кина од 25 јануари.

Ова филмско остварување е всушност криминална сага која ги следи животите на членовите на елитната полициска единица на Одделот од Лос Анџелес и најуспешната екипа за грабежи во државата, додека легендарната екипа на крадци планираат навидум невозможен грабеж на резервите на Федералната Банка кој би го извеле токму пред носот на полицијата.

Филмот се фокусира и на животите на полицајците, но и на животите на крадците.

“Братство на крадци” е режисерско деби на Кристијан Гудегаст, кој на јавноста и е познат како сценарист на филмот “Падот на Лондон”.

Во филмот игра познатиот холивудски актер Џерард Батлер, како и Пабло Шреибер,
О’Ши Џексон јуниор, Кертис “50 Сент# Џексон, Купер Андерсон, Ивен Џонс, Маурис Компт…