Брачните советувалишта - се уште табу тема за Македонците

  Македонците повеќе ги посетуваат советувалиштата за лекувани алкохоличари одошто брачните советувалишта. Или се си знаат за предизвиците во брачната заедница или сметаат дека проблемот прво треба да се случи па да се бара решение...

Македонците не сакаат да одат во брачно советувалиште. Иако оваа институција, во Прилеп функционира подолго време, многу малку се бара помош од стручните служби од Центарот за социјална работи, иако биле поканувани.

Советувалиштето функционира на доброволна основа и токму затоа експертите сметаат дека една од причините за оваа ситуација е тоа што менталитетот на граѓаните е да одат таму каде законски мораат да бидат присутни.

-Сите сметаат дека се добро информирани и дека нема потреба од дополнителни информации или разговори. Да се дојде во советувалиштето и да се поразговара не значи дека треба да се има огромни проблеми во бракот. Едноставно некогаш треба да се информираме за нашите права и обврски“, изјавуваат од брачните советувалишта.