Брачен совет од 1886 година

Ова е брачен совет од Џејн Велс кој таа го споделила со Карол Абс во 1886 година. 

Дозволи љубовта да биде посилна од твојот бес и омраза. 

Научи ја мудроста на компромисот, бидејќи тоа е најголемата умешност која ќе ја имаш на светот, кога сакаш некого. Верувај во најдоброто, наместо да го очекуваш најлошото. Соочи се со тешкото кога ќе дојде, не го живеј пред тоа. 

Луѓето имаат начин да го изживеат она што го мислиш за нив. Личноста која ќе ја одбереш заслужува љубезност, бакнеж и топла насмевка. Ако е тоа личноста со која сакаш да го поминеш животот, зарем не заслужува да и го дадеш најдоброто од себе? Да ја заштитиш од светот, да ја чуваш до себе долго?

Сподели го овој совет со своите деца и нивните деца.