Брачен пар од Скопје кој има посвоено дете: Не се оставајте без деца, има многу деца на кои им е потребна вашата љубов

Во денешницата многу брачни парови се среќаваат со неплодност. Тоа било така и во минатото, но денеска оваа бројка, значително почнала да се намалува, бидејќи многу парови се одлучуваат на вештачко оплодување, што не било пример и во минатото.

Брачниот пар од Георгиевски од Скопје, осумнаесет години откако стапиле во брак не можеле да добијат дете. Оделе и по лекари и по бајачи и гатачи, и по цркви и манастири, но се било залудно. Но, никогаш не се откажале и желбата за да имаат дете, никогаш не ги напуштила. Секогаш биле со крената глава и со надеж дека еден ден ќе бидат родители.

Како поминувало времето, годините оделе напред, тие се одлучиле да си посвојат дете.

Тежок им бил и тој пат. Поминале и таму низ многу разочарувања. Дури и платиле. Но, како што велат не се жалат. Денеска имаат дете. Имаат радост во животот. Имаат за кого да живеат, за кого да се мачат...

-Кога ја земавме ќерка ни Магдалена, таа имаше само два месеци. Уште на прв поглед се роди љубов. Бевме пресреќни. Секој ден станувавме се повеќе горди родители. Даваме се од себе таа да оди по правиот и вистинскиот пак во животот. Таа денеска е студенти на медицинсиот факултет во Скопје. Знае дека ние не сме и вистински родители, но знае кој ја исчувал, кој ја чува, и кој и дава се што и е потребно, вели мајката на Магдалена.

Овој брачен пар, апелира до сите парови, кои за жал не можат да имаат свои деца, да не се оставаат сами. Да се израдуваат себе си, а потоа и детете што ќе го земат.

-Многу деца чекаат љубов. Чекаат родители. Чекаат топлина и прегратка. Не чекајте, направете си го животот повреден. Животот без деца не е живот, вели таа.