Четириресет дена од трагичната смрт на настраданите во кочанската дискотека „Пулс“. Болката не се минимизира, туку како да станува подлабока.
По повод овој симболичен број на денови од прераната смрт на нашите млади сограѓани, се огласи и познатиот инфлуенсер Божидар Божиновски-Божо.
- 40 дена од пожарот во Кочани. Некаде на 40 дена човек, мозокот му ја освестува загубата, претходно човек е (веројатно ко одбранбен механизам) затворен емотивно, уште не ја има процесирано загубата. Се фаќа инстинктивно како сака да ѕвони кај оние кои ги нема, прашува за нив ,,кога ќе дојдат?”, ,,кај се?” и кога ќе излета тој збор или мисла сече загубата и реалноста.
После 40 следуваат празнини и прашања кои гонат цел живот. ,,Дали можеше поинаку?”, ,,Што можев да сменам?”… Празнина и прашања кои убиваат. Тие се поставуваат цел живот и немаат одговор. Семејствата не жртвите од Кочани заслужуваат правда и Бог нека им даде сила да можат да се носат со тие прашања.
Вечна им слава на мртвите, напиша тој во својата фејсбук објава.