Божиновска: Ќе се потрудиме да избегнеме поскапувањe на струјата

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, во вчерашното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител,изјави дека Владата ќе направи се што е во нејзина моќ да ги избегне поскапувањата на електричната енергија од 2024 година, но ќе зависи и од планот за производство на ЕСМ. Според Божиновска, моменталната цена на струјата за крајните потрошувачи е 60 евра, што е значително пониско од реалната цена, што покажува дека Владата се грижи за граѓаните.

„Ќе дискутираме со ЕСМ и ќе направиме се што е во наша можност да нема поскапување на електричната енергија од следната година. Секако, тоа ќе зависи и од планот за производство на ЕСМ, но ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови“ изјави министерката Божиновска.

Таа информираше дека увозот на електрична енергија сега се прави на секои две недели, иако хидрологијата е лоша, а водните резерви се под 20%. Божиновска се надева дека со почетокот на декември првиот блок на РЕК Битола ќе биде во функција, што ќе ја намали потребата од увоз и ќе обезбеди доволно енергија за зимата.

Во врска со состојбата во РЕК Битола, министерката истакна дека новото менаџментот затекнал „катастрофална“ ситуација, со нереализирани ремонти и недоволно искористена механизација. Сепак, се очекува подобрување благодарение на нов проект за ископување јаглен.