Божиќна ѕвезда: Цвеќе кое носи среќа и изобилство во домот

Ова цвеќе ги има боите на новогодишните празници и носи убаво празнично чувство во домот.

Во годишно време како што е зимата, каде голем дел од времето го минуваме во нашиот дом, ова цвеќе носи убава енергија, среќа и изобилство. 

Ова цвеќе воопшто не е скапо, а можете да го најдете во цвеќарите и пазарите насекаде. За да го изберете најдоброто, треба да внимавате на тоа да има силни листови, свежи цветови и да нема видливи оштетувања. Долните листови треба да се темно зелени, а покрај цветот шарени. Коренот не треба да биде ниту претерано сув, ниту пак претерано наводенет. Избегнувајте билки кои се изложени на провев или кои долго стоеле на отворено, на ниски температури. 

Така треба да биде и штом го донесете во својот дом. Избегнувајте простор кој е на провев, силна сончева светлина или пак премногу сува или загреана  просторија. Билката не треба да допира студени прозори, ниту пак да биде во близина на радијатор. Идеална температура е 15-22 степени. 

Ако забележите дека паѓаат лисјата, тоа значи дека е исушен коренот, но почнете да го наводнувате цвеќето и тоа ќе се врати во живот.