Божиќен маркет во Талин – волшебна бајка од минатото (ГАЛЕРИЈА)

Пријатни дрвени маси за седење, традиционални волнени капи, вкусен црн пудинг, класични концерти и магични сијалички – се дел од приказните на браќата Грим. Но, оваа бајка може да се доживее и на Божиќниот маркет во Талин. Оваа година, божиќниот маркет во Талин трае од 18 ноември до 7 јануари, нудејќи им на посетителите можност за шопинг, вкусни специјалитети и културни настани.

Мешајќи го божиќниот дух со носталгија и шармантен и топол декор со свеж снег, овој маркет е еден од најубавите кои можат да се видат низ Европа.

Талин е дом на првото јавно божиќно дрво (1441 г)  и град кој секоја година ужива во ваквата традиција. Уметниците и занаетчиите од различни делови од земјата се собираат на плоштадот во стариот град за да ги покажат и продадат своите рачни изработки. Ваквата убавина е дополнета со божиќна музика, куќата на Дедо Мраз и лизгалиште, кои им нудат одлична атмосфера на посетителите.

Посебна програма е планирана за новогодишната ноќ со кабаре групи и пренесување на гламурот од Мулон Руж во естонската престолнина.

Погледнете ги фотографиите: