Божиќ со сонце и надпросечни температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од шест до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб јужен ветер, со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до шест степени.

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со појава на умерена до значителна облачност и претежно со слаб јужен ветер. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и планините. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска. Од среда попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

nike air max 1 sale