Божиќ и Бадник се за семејството – без нив сме ништо

Животот често ни носи многу неволји, а последните две години ни го покажаа тоа како никогаш досега.

Единствените луѓе на кои можеме целосно и вистински да сметаме се тие кои се дел од нашето семејство. Немаме други луѓе кои би нè поддржале во сите наши одлуки, кои би ни дале парче од своето срце за да бидеме среќни и со кои можеме да ги споделиме сите свои најголеми радости и стравови. 

Некогаш доаѓаат и тешки мигови, расправии и кавги, но ја носиме истата крв а Бадник и Божиќ се празниците кои нè потсетуваат на тоа што е најважно. Кога ќе седнеме на трпезата, без оглед на тоа што е послужено, без оглед на тоа дали живееме во сиромаштија или најголемо изобилство, храната која ја делиме со нашите најблиски е нашиот благослов, нашата најголема радост. Не можеме да посакаме многу освен здравје и среќа за себе и оние кои највеќе ги сакаме. Не ни треба многу повеќе од тоа. 

Велат паричката носи среќа за оној во чие парче ќе се падне таа, но среќата е да се има семејство и да се има спокој  и мир да се слават овие денови заеднички. 

Традиционално, со обичаи и без обичаи, тие се нашето најголемо богатство. Да се живи и здрави оние кои секогаш ги носиме во нашите срца и оние чија среќа ни е најважна во текот на годината. Ништо на светов не е поважно од нивната среќа и ништо не е попоразително од нивната тага, да не го забораваме тоа.