Божиќ доаѓа... а каде сум јас?

Како кукла во кафез, ги набљудувам луѓето, тивко, немо.
Повеќе не гледам сјај во нивните очи.
На сите страни има новогодишни и божиќни украси и светлината од градските светилки ги осветлува плоштадите.
Но, дали тие можат да ја осветлат мојата уморна душа?
Слушам музика од радиото или од телевизорот, но не можам да го слушнам црцорот на птиците и прекрасната мелодија на природата.
На мојата маса има изобилство од храна и пијалоци, но моето срце и натаму е гладно.
Се поврзувам со надворешниот свет преку друштвени мрежи, но мојот внатрешен свет се распаѓа.
Од страв и немирни мисли, не можам да го слушнам гласот на мојата душа.
Зборувам за чувства, а моите чувства се отапени.
Изговарам молитва која се губи во воздухот и исчезнува како меур од сапуница.
На себе ја ставам новата испеглана кошула, но нема никој кој ми би позајмил пегла која би можела да го испегла моето згужвано срце.
Божиќ доаѓа... а каде сум јас?

(Приказната е посветена на сите оние кои се чувствуваат осамени, кои се затворени и одвоени од своите најблиски за време на празниците, насекаде низ светот)

Милан Троскот