Боже, те молам не ми дозволувај да го засакам она што не е судено да биде мое...

Драг Боже,

Не ми дозволувај да се врзам за она што не е судено за мене. Не ми дозволувај да засакам нешто (или некој) што планираш да ми го одземеш.

Знам дека твојот план е непознат, но сѐ додека не ми го откриеш, олесни ми го животот. Не ми дозволувај да се држам за она што треба да го пуштам. Не ми дозволувај да го сакам она што на крајот ќе ме уништи. Не ми дозволувај да ги сакам оние кои ќе ми го скршат срцето.

Јас лесно се врзувам и цврсто се држам за работите, па затоа не му дозволувај на мојот ум да ги сака работите кои не можам да поднесам да ги изгубам. Не ми дозволувај да ги сакам работите кои не ми требаат или кои не се добри за мене. Не ми дозволувај да ги сакам луѓето кои не ме сакаат мене. Не дозволувај моето срце долго да ги бара оние кои си заминале. Не ми дозволувај да се заљубам во некој кој не сака да остане.

Но, дозволи ми да ги заборавам работите кои никогаш не биле наменети за мене, дај ми верба, затоа што морам да верувам дека ми е подобро без нив. Дај ми ја мудроста која ми е потреба да сфатам дека заслужувам многу подобро и дека ќе бидам посреќна на некое друго место.

Или само дај ми ја толеранцијата која ми е потребна во овој миг, дај ми трпение за да сфатам дека е океј тоа што не го добивам она што го сакам. Дај ми го потребното трпение за да ги чекам твоите благослови и дарови.

Засега, не дозволувај да се држам за она што не е за смене. Не ми дозволувај толку да вложувам во луѓе и работи кои ќе морам да ги изгубам. Не ми дозволувај да го сакам она што не е мое. Не ми дозволувај да градам иднина околу она што е привремено.