Боровинки – најдобар чувар на здравјето на нашиот мозок

Како што старееме, тешко е да се одржат мозочните функции како што се фокусот, помнењето и концентрацијата.

Photo by Joanna Kosinska on Unsplash

Според новото истражување, постои едно овошје кое во голема мера може да ни помогне да го заштитиме здравјето на нашиот мозок и срцето. Ова се нивните откритија.

Станува збор за боровинките.

Тие долго време се сметани за суперхрана, бидејќи се богат и со антиоксиданти, витамин Ц, фитофлавоноиди, калиум и сл. Во истражувањето биле вклучени постари лица на возраст од 65-80 години кои на дневно ниво консумирале боровинки во период од 12 недели. 

На тој начин било утврдено дека ваквата навика значително го подобрува помнењето, вниманието, а го намалува и крвниот притисок. Според др. Клер Вилијамс – лидер на истражувањето, боровинките не само што нудат придобивки за когнитивните функции, туку и за васкуларното здравје. 

Освен редовното консумирање на боровинки и храна која е богата со омега 3, докторите препорачуваат и редовен и добар сон, физичка активност, како и вежби за мозокот, кои докажано придонесуваат за подобри мозочни функции.